Драматична мајсторка – Сент Луис е прв финалист на Западот

Сент Луис блус е првата екипа од Западот која обезбеди конрефенциско финале во разигрувањата откако во мајсторката против Далас старс триуфираа со 2-1. Драматичниот седми дуел против Ѕвездите се одлучуваше по две продолженија, откако двете екипи беа неразделни по 1-1 во трите периоди.

Марун беше човекот од одлука за домаќините, погоди во шестата минута од вториот дополнителен период, па Сент Луис по три години пауза повторно ќе се бори за пласман во големото финале.

Сент Луис го чека подобриот од серијата меѓу Колорадо авеланш и Сан Хозе шаркс, каде што по шест меча силите се израмнети на 3-3 и исто така ќе се одлучува во мајсторка.

- Оглас -

Најнови вести