Драматични сцени во Катар, изби пожар во близина на стадионот каде вечерва ќе играат Аргентина и Мексико (Видео)

Катарските власти потврдија дека избил голем пожар во близина на стадионот „Лусаил Ајконик“ каде вечерва од 20 часот треба да играат Аргентина и Мексико.

Според катарските официјални лица, се запалила зграда во близина на стадионот, но и во близина на навивачката зона и населбата каде се шаторите за навивачите кои допатуваа во Катар. Сите странски навивачи се евакуирани и се однесени на сигурно место поради страв пожарот да не се прошири и кон населбата.

На социјалните мрежи се објавени бројни видеа и фотографии од пожарот и од пожарникарите кои се обидуваат да го локализираат.

Засега не е позната причината за избивањето на пожарот, но властите во Катар потврдија дека црниот дим е од зграда во изградба и е во областа во кој е планирано да биде изграден мини град за половина милиони жители.

- Оглас -

Најнови вести