Дрејмонд Грин направи глупост на сезоната во НБА, сите се прашуваат зошто?

Сан Антонио спарс го совлада Голден Стејт вориорс со 105-100 во меч кој ќе остане запаметен по неверојатно лошиот потег на крилото на Воините, Дрејмонд Грин, кој му ја уништи последната шанса на својот тим да се извлече од пораз.

На 8,7 секунди до крајот, што не е малку во кошарката, при 103-100 за Спарс, Вориорс изведоа аут, топката дојде до Грин, кој беше на центарот на игралиштето и наместо да додаде за набрзина да се направи некаква акција, тој веднаш шутна тројка од голема далечина и неизградена позиција.

И неговите соиграчи се чудеа зошто тој веднаш ја исфрли топката иако имаше доволно време да додаде до Стеф Кари, па опасниот тројкаш да шутне. Тренерот Стив Кер се обиде да го оправда потегот и презеде вина.

„Знаеме дека Спарс обично се бранат во вакви ситуации и не прават фаул. Веројатно моја грешка е што не им го кажав тоа на играчите на тајмаутот“, рече Кер.

Погледнете ја „акцијата“ на Грин која ги уништи надежите на Голден стејт дека може да победи:

- Оглас -

Најнови вести