Чекаа три минути за компјутерот да покаже дали ќе заврши нерешено или домаќинот ќе победи (Видео)

Вест хем со 2:1 славеше над Астон вила во меч кој имаше драматична завршница. Во 90-тата минута гостите преку Воткинс дадоа гол, но кратко траеше нивната радост. Судијата веднаш побара помош од ВАР-системот за тоа дали имало офсајд.

За тоа колку може да биде комплицирано да се провери точно дали е офсајд или дозволена ситуација, се покажа токму на овој меч. Дури три минути компјутерската програма повлекуваше линии, пресметуваше на која позиција се телата на играчите и на крајот одлучи дека имало недозволена ситуација.

Едноставно, компјутерската програма на крајот одлучи дали ќе биде нерешено или домаќините ќе се радуваат на победата.

- Оглас -

Најнови вести