Дресот на Интер веќе никогаш нема да биде ист, еден легендарен детал оди во историја

Италијанскиот гигант Интер од следната сезона речиси сигурно ќе има нов спонзор на своите дресови. Според „Газета дело спорт“, од сезоната 2020/21 на предниот дел од дресот ќе стои реклама на кинеската фирма „Хенгда Хенчи“. Тоа е фирма која произведува електрични автомобили, а е дел од групацијата „Евергранде“, која е доминантен сопственик на Интер.

Од договорот со новиот спонзор Нераѕурите ќе заработуваат по 100 милиони евра по сезона, што е точно 10 пати повеќе од тоа што сега го добиваат од нивниот сегашен спонзор „Пирели“.

Љубовта меѓу Интер и „Пирели“ трае од далечната 1995 година и тоа е најдолгото спонзорство на дресот на еден голем клуб во Европа. По две и пол децении, „Пирели“ ќе се повлече од дресот на Интер за да отстапи место за кинеската фирма. Со „Пирели“ на градите на фудбалерите Интер освои пет титули во Серија А, четири пати Купот на Италија, а по еднаш беше европски и светски првак.

 

- Оглас -

Најнови вести