Дресот на Меси носи радост – Го „ќари“ играч на Барселона, реакцијата е хит (Видео)

Интересна е реакцијата на еквадорскиот репрезентативец Бајрон Кастилјо, откако успеа да го размени дресот со Лионел Меси на квалификацискито дуел за СП меѓу неговата селекција и Аргентина.

Двете репрезентации се пласираа на Мундијалот во Катар, а по завршувањето на мечот немаше посреќен човек од 23-годишниот десен бек на Еквадор, кој игра за Барселона од Гвајакил.

Му успеа да го размени дресот со поранешниот играч на шпанска Барселона, Меси и се радуваше како мало дете.

Кастилјо ќе игра и на Мундијалот во Катар, а Еквадор е во А групата со домаќинот на првенството и со Холандија и Сенегал.

Аргентина со Меси е еден од фаворитите на шампионатот, а во првата фаза Гаучосите ќе играат во Ц групата со Полска, Мексико и Саудиска Арабија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести