Дресот со кој Столе бранеше против Барса, заврши кај експертот за трансфери (Фото)

Еден од најпознатите спортски новинари и експерт за трансфер вести, Фабрицио Романо, вчера си доби дрес од Столе Димитриевски, и се пофали со тоа на социјалните мрежи.

Романо и Столе се сретнаа во хотел во Мадрид, па македонскиот голман му подари дрес на новинарот кој неодамна најави дека за Димитриевски има интерес од Севилја и Вилјареал, а кога Фабрицио вели така, тогаш тоа е 99% точно.

„Благодарам брате“ – порача Романо на шпански јазик, а во објавата стави и македонско знаме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести