Дриблинг на неделата: Тројца противници до него, а тој направи финта за памтење (Видео)

Лион ја победи Ница со 2:0, а освен погодоци на домаќините, дуелот ќе се памти и по мајсторијата на Лукас Пакета.

Бразилецот во една ситуација се најде опкружен со тројца противнички фудбалери, но со еден потег успеа да се ослободи, и тоа на фантастичен начин.

https://twitter.com/i/status/1492932836415791105

Пакета во Европа дојде пред три години, кога Милан за него му плати 38 милиони евра на Фламенго. На „Сан Сиро“ не се прослави, па пред една и пол година реши да го облече дресот на Олимпик Лион и игра феноменално. Пакета сега е и стандарден член на бразилската репрезентација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести