Дрим-тим на Далас пристигна во Љубљана – Кјубан, Новицки и Кид ќе го убедуваат Дончиќ да потпише договор вреден 207 милиони долари

Елитата на Далас маверикс предводена од сопственикот Марк Кјубан и засилена со две големи НБА ѕвезди, Дирк Новицки и Џејсон Кид пристигна во Љубљана, а целта е да се потпише нов договор со Лука Дончиќ.

Бисерот на Далас е на одмор во Словенија, по настапот на Олмпијадата, а главните луѓе на Маверикс одлучија да ја одиграат важната партија на негов терен во Љубљана и да му понудат петгодишен договор вреден неверојатни 207 милиони долари.

Кјубан изјави дека нема да жали пари за една од најголемите НБА ѕвезди, а засилување во тимот што пристигна на преговори во Љубљана се двете големи ѕвезди Дирк Новицки, кој е советник во клубот и тренерот Џејсон Кид. Со нив е и Генералниот менаџер на Далас, Ник Херис, па јасно е колку е значајна мисијата Дончиќ да продолжи да игра за Маверикс.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести