Дринквотер не пие само вода, пијан се заби во ѕид и остана без возачка дозвола

Даниел Дринквотер не пие само вода, напротив, сега е познат како љубител на некоја чашка повеќе од алкохолните пијалоци.

Играчот на Челзи пред еден месец со својот „ренџ ровер“ се заби во бетонски ѕид, а количината на алкохол тогаш кај него била речиси трипати поголема од дозволената.

Казната му беше испорачана сега и Дринквотер, што во превод значи „Човек што пие вода“ ќе мора да се прости од воланот во следните 20 месеци и плус да одработи околу 70 часа општествено полезна работа.

Дринквотер во септември 2017 година направи трансфер од Лестер во Челзи, но не игра многу. Настапи само на 12 меча во Премиер лигата за клубот од „Стемфорд бриџ“ во две сезони, често се повредува, а сега со возењето во пијана состојба веројатно и си ја запечати кариерата како играч на Челзи.

 

- Оглас -

Најнови вести