Дрон кој развива брзина од 350 км/ч внесува нова димензија во снимањето на Формула 1

Формула 1 тимот Ред Бул испроба дрон кој само за четири секунди развива брзина од 300 километри на час (на Ф1 болидите им треба двојно повеќе време), може да се движи и со 350 км/ч. и притоа е стабилен и би можело да се користи за снимање на трките.

„Бев многу изненаден од тоа колку можеше да го задржи темпото и исто така колку брзо може да оди во свиоците, како врти. Тоа дава малку поинаква перспектива за гледање Формула 1“, вели шампионот Макс Ферстапен.

Пилотот Ралф Хогенбирк со дронот го предизвика Ферстапен во еден круг на патеката Силверстоун.

Дронот има батерија која трае три минути и опсег на сигнал од 10 километри, доволно за два круга на патеката, или за снимање во висока дефиниција, подобрувајќи го интензитетот на сликите на нивоа што досега не биле видени.

Дронот е уникатен по тоа што опфаќа свиоци, забрзување, забавување, поврзување помеѓу дронот, приемникот и пилотот, како и навигација преку мостови и под билборди.

Новата сезона во Формула 1 почнува викендов во Бахреин, а веројатно не е далеку денот кога во ТВ-преносите ќе се користи овој уникатен дрон.

 

https://twitter.com/i/status/1762532162216120520

- Оглас -

Најнови вести