Дрон му ја донесе дома наградата на Малком за играч на месецот (Видео)

Зенит го награди својот фудбалер Малком за признанието најдобар играч во март, и тоа на начин кој не е виден досега. Малком седеше дома и доби порака да го отвори прозорецот од станот дека наскоро во неговиот дом ќе пристигне дрон.

Летечкиот објект беше гласен, ја исплаши мачката на Бразилецот и таа почна да бега кога го виде „непознатиот гостин“. Малком пријатно се изненади кога виде дека на дронот има закачен трофеј во вид на копачка и им се заблагодари на фановите кои гласале за него. За крај, секако на сите им порача да останат дома.

Малком во март ги одигра сите три меча за Зенит и имаше по еден гол и асистенција. Тој во клубот од Санкт Петербург дојде од Барселона во август за 40 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести