Дуда Ивковиќ им одржа предавање на нашите тренери

Прославениот српски тренер, Душан Ивковиќ, беше главна ѕвезда на денешната програма на тренерскиот семинар кој се одржува во организација на здружението на тренери при кошаркарската федерација на Македонија.

Некогашниот селектор на Југославија со која освои злато на СП 1990 година и човек кој тренирајќи го Перо Антиќ, му донесе евролигашка титула на Олимпијакос, во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“ имаше можност да им пренесе дел од своето искуство на нашите стручњаци. За кошаркарските тренери, кои аплицираат за добивање на А лиценца, овој семинар беше задолжителен.

На семинарот кој го носи името на легендарниот македонски тренер „Лазар Лечиќ“, освен Ивковиќ, беа и скопјанецот Октај Махмути кој е поранешен тренер на Анадолу Ефес, Бенетон, Галатасарај, Дарушафака, а се спомнува и како фаворит за нов селектор на машката репрезентација на Македонија, како и Ненад Труниќ, кој даде особен белег во начинот на едукација во младите категории.

Семинарот продолжува и утре со нови предавања на Труниќ.

- Оглас -

Најнови вести