Дудек: Ѓаволот во мене ми велеше да го удрам Бенитез

Легендата на Ливерпул и еден од хероите во финалето од ЛШ против Милан во 2005 година, Јержи Дудек, се присети на неговите последни моменти како член на Црвените. Дудек по шест години го напушти „Енфилд“ во 2007 година и се пресели во Реал Мадрид, но извесен период порано сакал со сила да замине од Ливерпул со цел да биде во форма за СП 2006.

Дудек имал понуда од Келн за едногодишна позајмица во сезоната 2005/06, откако го загуби местото на прв избор меѓу диреците по доаѓањето на Пепе Реина. Дудек дури размислувал да го удри тогашниот предводник Рафаел Бенитез за да си го отвори патот до Бундеслигата.

„Му кажав на Бенитез дека Мундијалот се наближува и дека сакам да играм. Меѓутоа тој посегна по Реина во период кога бев во најдобра форма. Келн се интересираше за мене, но Бенитез ми кажа дека одбил понуда од нив во последните денови од преодниот рок. Ми кажа: Понудија 900.000 евра за едносезонска позајмица, морав да одбијам. Сакам ти да ми бидеш на располагање во случај Рејна да се повреди, парите не можам да ги ставам да го бранат голот. Кога го слушнав тоа, во главата ми се вртеше една помисла. Ѓаволот во мене ми велеше да го удрам Бенитез, па можеби така ќе ми дозволи да си заминам“, истакна Дудек.

Сепак, тоа не се случи, Дудек остана во Ливерпул и во последните две сезони запиша само 12 настапи за Црвените пред да ја задолжи опремата на Реал Мадрид, каде што во 2011 година ја заврши кариерата.

- Оглас -

Најнови вести