Дуел на две генерации – Леброн му покажа на Зајон дека има уште многу да учи (Видео)

Лос Анџелес лејкерс славеше против Њу Орлеанс во меч на кој првиот пик на драфтот Зајон Вилијамсон за првпат се сретна со Леброн Џејмс на теренот. Ова беше дуел на две различни генерации. Џејмс повеќе од 15 години блеска во НБА-лигата, додека Зајон од пред еден месец започна да го покажува својот талент и да се наметнува како играч кој треба да доминира во следните години во најсилната кошаркарска лига.

Со расположен Џејмс на теренот, Лејкерс немаше многу проблеми. Домаќините водеа во поголем дел од мечот, а Леброн беше вистински предводник на теренот. Првата ѕвезда на тимот даде 40 поени погодувајќи 17 од 27 удари од поле, а имаше и осум скока и шест асистенции.

На спротивната страна, Зајон заврши со 29 поени и беше втор стрелец кај Пеликанс, зад Брандон Инграм, кој даде 34 поени.

https://youtu.be/bsbSreJGfi4

Милвоки, најдобиорт тим во лигата, не попушта во темпото и на гостински терен го победи актуелниот првак Торонто со 108:97. Јанис Адетокумбо повторно беше лидер во триумфот на гостите, а првата ѕвезда на Милвоки на крајот заврши со 18 поени и 17 скока.

Резултати: Индијана – Шарлот 119:80, Торонто – Милвоки 97:108, Чикаго – Оклахома 122:124, Денвер – Детроит 115:98, Лос Анџелес лејкерс – Њу Орлеанс 118:109, Портланд – Бостон 106:118, Голден стејт – Сакраменто 94:112.

- Оглас -

Најнови вести