Дуелите на Ван Дајк против Интер се интересни, од црвен картон до гол!

Интер го пречекува Ливерпул во поинтересниот од двата вечерашни дуели од фудбалската Лига на шампиони, а историјата покажува дека секогаш било интересно кога еден против друг ќе се најдат Нераѕурите и Вирџил ван Дајк.

Холанѓанецот, кој сега е столб на одбраната на Црвените, во минатото во некои други дресови имаше интересни пресметки против Интер, додуша во Лигата на Европа. Сега првпат Ван Дајк ќе игра против Интер во меч од ЛШ.

Во 2015 година, во Глазгов, Ван Дајк како играч на Селтик, првпат играше ротив Интер и неславно заврши, со исклучување. Мечот од 16-финалето заврши со спектакуларни 3-3, а Интер го елиминира Селтик. Ван Дајк доби црвен картон и беше прогласен за трагичар на мечот.

Една година подоцна, во 2016, повторно им се вкрстија патиштата на Ван Дајк и Интер, тогаш во групната фаза на ЛЕ. Овојпат Ван Дајк беше во дрес на Саутхемптон и успеа да постигне гол против Интер во победата со пресврт од 2-1.

Времињата многу се сменија во последните шест години, но ако се суди според минатото, јасно е дека кога еден против друг се Ван Дајк и Интер, ќе биде интересно.

- Оглас -

Најнови вести