Дуелот на идниот и актуелниот шампион на Италија заврши без победник (Видео)

Екипата на Интер после серија од 10 победи по ред во Серија А, нѐ успеа да победи, а најзаслужни за тоа беа фудбалерите на Наполи, кои успеаја да извлечат нерешено, 1-1 на гостувањето кај новиот шампион на Италија.

Сепак, Интер ја зголеми серијата без пораз во првенството на дури 23.

Мате Дармиан го отвори резултатот во самиот финиш од првото полувреме, односно во 43-тата минута.

Конечните 1-1 ги постави Хуан Хесус во 81-вата минута.

Интер сега има предност од 14 поени пред второпласираниот Милан на табелата во италијанската Серија А.

- Оглас -

Најнови вести