Духот на Кариус влезе во Камински (Видео)

На тројца голмани кои бранат за екипи од Лигата на Европа вчера не им беше денот. Откако ви покажавме какви катастрофални киксови направија Кариус од Бешикташ и Стракоша од Лацио, шлагот доаѓа на крај, со уште една катастрофална изведба, овојпат од страна на Томас Камински, голманот на Гент.

Белгискиот тим имаше комотни 3-1 против Сент Етјен, а по киксот на Камински, кој се сплетка и сам си даде гол, домашните до крај се тресеа дали ќе ги освојат сите три бода.

Видете каков смешен гол прими Камински:

- Оглас -

Најнови вести