Духот на Жолтиот ѕид живее на Вестфален и кога се игра без публика (Видео+Фото)

Борусија Дортмунд го декласира Шалке 04 во рурското дерби со 4:0, а популарните Милионери на интерсен начин ја прославија вредната победа во битката за титулата во Бундеслигата.

Иако на легендарната трибина зад еден од головите на популарниот Вестфален немаше публика, односно го немаше познатиот Жолт ѕид од симпатизери, играчите веднаш заминаа во тој правец и аплаудираа исто како да е полна со гледачи.

Продолжението на Бундеслигата како што веќе е познато ќе се игра без публика на стадионите, а гестот на фудбалерите на Борусија ги воодушеви нивните симпатизери.

„Духот на Жолтиот ѕид е присутен, иако ние не сме таму. Браво за играчите што не не заборавија“, е коментарот на социјалните мрежи на симпатизер на Борусија.

Фудбалски, домаќините потополно го надиграа и декласираа вечниот ривал и со головите на Халанд, Азар и два на Гереиро славеа со 4:0.

Со денешниот триумф Милионерите стасаа до 54 бода, само еден помалку од лидерот Баерн Минхен, екипа што утре ќе игра против Унион во Берлин.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести