Дунав ќе го поплави Тренчин

7118 Камерон Нори – Карен Хачанов (16 часот)

Британско-рускиот дуел на „Ролан Гарос“ е еден од понеизвесните на денешната програма во Париз. Нори кој е десетти носител, во првите две кола победуваше со по 3-0 во сетови. Нори го доби и единствениот меѓусебен дуел со Хачанов со 2022 година, Британецот победи со 2-0 во меч на тврда подлога, а лани двапати играа на земја, и истотака победуваше Нори, еднаш со 2-0, еднаш со 2-1 во сетови. Хачанов кој е 21-ви носител, во првите две кола победуваше со по 3-1.

Предлог тип: 1 (1.50)

 

3501 Дунајска стреда – Тренчин (20.00 часот)

Победник мора да има, макар и на пенали, бидејќи подобриот од овој дуел ќе ја претставува Словачка во Конференциската лига. Двата тима беа добри во полуфиналето, победија со по два гола разлика. Голем плус за Дунајска стреда е што овој бараж се игра на нивен стадион. Тренчин е опасен гостин, тоа го покажа и во полуфиналето против Жилина. Последниот нивен меѓусебен дуел беше во ноември и момците од градот покрај Дунав како гости победија со 1-0.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.95)

 

8007 Црвена ѕвезда – Партизан (20.00 часот)

Со овој меч, стартува финалната серија во АБА лигата. Ѕвезда е фаворит на хартија, но во градско дерби, ништо не се знае однапред. Партизан беше тимот кој славеше во претходниот меѓусебен дуел и тоа со 14 разлика, додуша тогаш Партизан беше официјален домаќин и имаше превласт на трибините, додека вечерва ќе доминираат црвено-белите бои. Титулата во АБА носи место во Евролигата, а финалето се игра во три добиени. Иако тренерите Радоњиќ и Обрадовиќ инсистираат на силна одбрана, тимовите ќе има што да кажат и во напад.

Предлог тип: >153.5 (1.87)

 

7117 Себастијан Корда – Карлос Алкараз (20.45 часот)

Младата ѕвезда Алкараз се намачи во второто коло, спасуваше дури и меч-топка, и треба да покаже дали ја научил лекцијата, но вечерашниот ривал му е опасен. Корда кој е 27-ми носител, во првите две кола имаше максимални победи со по 3-0 во сетови. Последниот пораз на Алкараз беше во април, и тоа токму од Корда на земја во Монте Карло. Американецот со чешко потекло сигурно ќе има што да каже, тешко дека Алкараз ќе слави без загубен сет, би требало да има борба.

Предлог тип: >35.5 (1.90)

 

153 Шамрок роверс – Шелбурн (21.00 часот)

Шелбурн има серија од четири победи по ред и може да биде закана за лидерот на табелата, кој во минатото коло загуби, и со тоа му заврши убава триумфална низа. Шелбурн во 17 кола даде 17 гола, а Шамрок ја има најцврстата одбрабна во лигата со само 12 примени голови на 18 настапи. Шамрок има седум бода повеќе од вториот, а Шелбурн пред 17 години за последен пат победи на гостување кај Шамрок роверс.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.04)

 

- Оглас -

Најнови вести