Дуото Јар-Јар направи дар-мар – Моќната Украина води со 2:0 по првото полувреме

Андриј Јармоленко погоди во 29-тата минута, а Роман Јаремчук ја казни слабата одбрана на Македонија во 34-тата минута и Украина води со 2:0 по првото првото полувреме во второто коло од Ц групата на Европското првенство.

Веднаш потоа Горан Пандев постигна гол, но беше поништен поради офсајд. Украинците имаа иницијатива во првото полувреме и полека, но сигурно го засилуваа темпото, а повторно слаби реакции имаше македонската одбрана.

Столе Димитриевски одбрани чист гол во 28-мата минута, но од следниот напад Украина поведе со 1:0. Јармоленко остана сосема сам на десната страна близу до голот на Димитриевски и рутински погоди од два метра.

Украинците имаа и поголем посед на топката, упатија тројно повеќе удари, а надмоќта ја круниса Роман Јаремчук. Во 34-тата минута умешно се снајде и лесно погоди за 2:0.

Македонија, според прикажаното во првиот дел, ќе има исклучително тешка задача да избегне пораз против одличните Украинци.

 

- Оглас -

Најнови вести