Дуото Кејн – Сон незадржливо за Лидс и Алиоски (видео)

Новата 2021 година не тргна најдобро за Езѓан Алиоски, откако македонскиот репрезенативец со својот Лидс претрпе тежок пораз кај Тотехем со конечни 3-0.

Токму Алиоски беше еден од виновниците за поразот на Лидс, откако им подари пенал на домаќините кој Кејн го претвори во погодок за 1-0 во 29-тата минута.

Пред паузата и Сон успеа да се запише во листата стрелци, а неговиот 100-ти премиерлигашки погодок за Тотенхем беше најава дека тимот на Мурињо сигурно ќе ги освои бодовите на овој меч.

Домаќините рано се погрижија да нема никакви дилеми околу победата, па така Алдервирелд во 50-тата минута го постави конечниот резултат, за што му требаше малку среќа топката да ја помине гол-линијата во мешаницата пред голот на Лидс.

По четири меча Тотенхем конечно запиша победа во англискиот шампионат, па сега стои на третото место со 29 бода, додека осмиот пораз на Лидс значи засега задржување на 11-тото место со 23 бода.

- Оглас -

Најнови вести