Дурант: „Јокиќ е еден од најголемите на сите времиња“

Денвер нагетс со 4-2 во полуфиналната серија го елиминира Феникс и избори пласман во конференциското финале. Никола Јокиќ беше најдобар и ја заврши серијата со трипл-дабл ефект од 34,5 поени, 13,2 скокови и 10,3 асистенции. Ваков ефект во плејоф-серија досега им успело само на тројца, на Расел Вестбрук во првиот круг во 2017 година, на Леброн Џејмс во финалето истата година и сега на Јокиќ.

Кошаркарот на поразената екипа во серија, Кевин Дурант, имаше само пофални зборови за Србинот.

„Секогаш имав голема почит кон него и секогаш знаев дека е одличен играч. Играв против него и порано и не можам да речам дека сега дознав нешто ново. Денвер е одлична екипа, но Јокиќ? Тој е еден од најдобрите на сите времиња. Ќе биде запаметен во историјата како еден од најдобрите центри коишто играле со топката“, изјави Дурант.

- Оглас -

Најнови вести