Дурант одличен, Кари солиден, Голден стејт води

Голден стејт вориорс поведе со 1-0 во серијата против Хјустон рокитс, по вчерашниот триумф од 104:100 на домашен терен. Како и што се очекуваше, давата претенденти за шампионскиот прстен одиграа тесен и неизвесен дуел во „Оракл арената“, во кој победникот се одлучуваше во самиот финиш.

Во текот на целиот натпревар Хјустон само во два кратки наврати го имаше резултатот во своја корист, кон крајот на првата четвртина и пред полувремето. Во останатиот дел, домаќините ја имаа иницијативата, кои беа предводени од Кевин Дурант.

Крилото на Вориорс заврши со 35 поени, односно постигна 30+ поени во петтиот последователен плејоф натпревар сезонава. Првата ѕвезда, Стеф Кари, реализираше за него скромни 18 поени, но во моменти кога се одлучуваше мечот, погоди важна тројка која го реши победникот.

На другата страна, Џејмс Харден беше најефикасниот играч, заврши со 35 поени, но популарната „Брада“ премногу го форсираше шутот. Му беше потребно време да влезе во ритам, особено на стартот од средбата, па така Харден запиша доста слаб учинок, 9/28, односно 32% реализација, додека шутираше 4/16 од линијата за три поени. Ерик Гордон додаде 27 поени, но и тие на крајот не беа доволни за Хјустон да го избегне првиот пораз во серијата.

https://www.youtube.com/watch?v=KERh4R2BbS0

Серијата меѓу Хјустон и Голден стејт продолжува во ноќта меѓу вторник и среда, во 04:30 часот е закажан вториот меч во кој шампионот повторно ќе ја има предноста на домашен терен.

 

- Оглас -

Најнови вести