Дурант заплива во фудбалските води

Кевин Дурант, ѕвездата на Бруклин нетс, стана акционер на МЛС-клубот Филаделфија јунион. Дурант откупи 5% од акциите на американската фудбалска франшиза која е основана во 2010 година и им се приклучи на уште неколку НБА-ѕвезди кои исто така се акциониери во фудбалски клубови.

Најдобар пример е Леброн Џејмс, кој поседува акции во Ливерпул, како и Џејмс Харден во Хјустон дајнамо.

Инаку, Дурант веќе една година е надвор терените поради тешка повреда на Ахиловата пета. Моментално е закрепнат и со полна пареа работи на физичката форма за да биде подготвен за стартот на новата сезона. Во меѓувреме се вршат напори прекинатата сезона во НБА-лигата да продолжи на 31 јули.

- Оглас -

Најнови вести