Дури 108 минути траеше последниот премиерлигашки дуел за денес

Триумфот на Челзи од 1-0 на гостувањето кај Евертон беше најдолгиот натпревар што се одигра на денешната програма од премиерното коло во новата сезона на Премиер лигата. Вкупно 108 минути фудбалерите на двете екипи беа на теренот на „Гудисон парк“, пред сè поради многу прекини и неколку повреди.

Интервенцијата при повредата на Годфри траеше осум минути, толку продолжи судијата во првото полувреме, а во вториот дел медицинските екипи имаа работа и околу незгодите на Мина на едната страна и Кулибали на другата.

Судијата Павсон додаде 10 минути дополнително време за игра во второто полувреме, во кое домаќините залудно притискаа за израмнувачки гол.

- Оглас -

Најнови вести