Хорор повреда на стоперот на Евертон (фото+видео)

Дефанзивецот на Евертон Бен Годфри, по само 10 минути во новата сезона мораше да го напушти теренот поради страотна повреда на глуждот. Цели седум минути медицинскиот тим интервенираше пред Англичанецот да биде изнезен на носилка.

При обид да го спречи Хаверц да реализира, ногата на Годфри неприродно се свитка под притисок и нема да биде изненадување доколку повредата е сериозна и ќе биде потребен операциски зафат.

Инаку, пред истекот на долгите 8 минути надополнување токму поради повредата, Челзи дојде до водство по прецизно изведениот пенал на Жоржињо.

- Оглас -

Најнови вести