Дури 11-мина ракометари на Вардар 1961 се позитивни на ковид-19

Дури 11-мина ракометари на Вардар 1961 се позитивни на корона-вирус по двата дуели со полскиот Кјелце во Лигата на шампионите, па Црвено-црните се во изолација. Освен 11-темина играчи, заразен е и еден од физиотерапевтите.

Од Вардар велат дека ситуацијата била добра, сите биле негативни и ги почитувале протоколите, но тогаш дојдоа дуелите со Кјелце ,кај когп имаше „сомнителни“ играчи кои играа во Скопје. По периодот на инкубација, кај Вардар 1961 се појавија првите случаи и бројката постојано расте, па сега се дури 11-мина, што е премногу за еден тим. Негативнии се само тренерите и четворица играчи.

Кјелце потврди дека има седум позитивни и еден сомнителен. ЕХФ ги одложи мечевите на Вардар со Порто и ПСЖ, но најголемиот проблем е кога заразените ќе смеат повторно да тренираат и да играат, со оглед на последиците кои ги остава вирусот кај некои луѓе. Засега сите Вардарци се во изолација, немаат услови за работа и тоа е нималку посакувана ситуација, особено што се случува среде сезона.

Веројатно Вардар нема да игра мечеви до крајот на 2020 година.

 

- Оглас -

Најнови вести