Дури седуммина играчи на Ливерпул во трката за Златната топка

Традиционално, на крајот од годината „Франс Фудбал“ ќе го одбере најдобриот фудбалер во годината, награда која според многумина, е најпрестижно индивидуално признание за еден играч. Досега на листата беа 70-мина фудбалери, а од вечерва тој список е скратен на 30-мина играчи. На последното кратење ќе останат само најдобрите тројца, па потоа ќе се дознае кој ќе ја добие Златната топка за 2019 година.

На листата од 30 фудбалери доминираат играчи од Ливерпул, има дури седуммина. Интересно е тоа што Лука Модриќ, кој е актуелен освојувач на оваа награда, сега го нема меѓу номинираните 30-мина играчи. На листата се најдоа:

Серхио Агуеро, Трент Александер-Арнолд, Алисон, Пјер-Емерик Обамејанг, Карим Бензема, Бернардо Силва, Кристијано Роналдо, Кевин де Бројне, Френки де Јонг, Матајс де Лихт, Роберто Фирмино, Антоан Гриезман, Еден Азар, Жоао Феликс, Калиду Кулибали, Роберт Левандовски, Уго Љорис, Ријад Марез, Садио Мане, Маркињос, Килијан Мбапе, Лионел Меси, Мохамед Салах, Сон Хеунг-мин, Рахим Стерлинг, Душан Тадиќ, Марк-Андре тер Штеген, Дони ван де Бек, Вирџил ван Дајк и Џорџињо Вајналдум.

Како најсериозни конкуренти за влез во Топ 3 се: Меси, Роналдо и Ван Дајк.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести