Душебаев: Ние сме европски прваци, но не смееме да ја потцениме Македонија

Македонската ракометна репрезентација вечера ја очекува нов тежок предизвик. Избраниците на Раул Гонзалес ќе играат против актуелниот европски првак Шпанија. Еден од оние кои треба да биде лидер во екипата на „црвената фурија“, секако, е еден од најдобрите десни бекови во светот, Алекс Душебаев.

Душебаев е играчот кој четири години помина во дресот на македонскиот првак Вардар и многу добро го познава нашиот ракомет. Алекс вели дека Шпанија е фаворит, но не смее да се потцени Македонија.

„Очекувам ова да биде многу тежок меч. Македонија е незгоден противник. Во нападот играат 7 на 6. Во одбраната се цврсти. Не смееме да ги повториме грешките што ги направивме на мечот со Јапонија. Македонија е квалитетен противник и ќе мора подобро да одиграме ако сакаме да победиме. Шпанија е европски првак и нормално е да е фаворит против Македонија, но ќе биде тежок дуел“, рече Душебаев.

Дуелот меѓу Македонија и Шпанија е вечерва, во 20:30 часот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести