Дутра е МВП на завршниот турнир, Борко е најдобар голман, Манасков најдобар стрелец иако не играше во финалето

Бразилецот Леонардо Дутра кој во финалето против Еурофарм Пелистер, постигна седум гола, е избран за најдобар играч на завршниот турнир во Купот на Македонија.

Борко Ристовски кој блесна во второто полувреме од финалниот меч и имаше седум одбрани, е прогласен за најдобар голман, додека најдобар стрелец е Дејан Манасков, кој поради повреда не играше во финалето.

 

- Оглас -

Најнови вести