Дувњак: Во Битола очекувам пеколна атмосфера

По убедливите порази во првите две кола од Лигата на шампионите, македонскиот првак Еурофарм Пелистер утре во Битола има нов голем предизвик, а тоа е дуел против германскиот Кил. За разлика од Пелистер, Кил стартуваше со две победи и е голем фаворит да се радува и на дуелот во Битола.

Еден од најискусните во германскиот гигант е Хрватот Домагој Дувњак, кој очекува пеколна атмосфера во салата „Боро Чурлевски“.

„Гледав многу натпревари на Еурофарм Пелистер во изминатите неколку години. Во салата нè очекува пекол. Очигледно вистинска атмосфера за искусни познавачи на ракометот. Јас искрено ќе уживам во одличната атмосфера, а сигурен сум дека и другите момци ќе се забавуваат и ќе дадат сè од себе 60 минути. Нè чека натпревар против навистина добар тим. Двата пораза на Еурофарм Пелистер на стартот не значат ништо. Очекувам тежок натпревар во кој треба да бидеме многу фокусирани“, истакнува искусниот хрватски бек Домагој Дувњак, кој ја има улогата и на капитен во Кил.

- Оглас -

Најнови вести