Два клуба ќе се обидат да го купат Дибала во јануари

Пари Сен Жермен и Тотенхем ќе се обидат да го ангажираат Пауло Дибала во јануарскиот преоден рок. Крилото на Јувентус беше блиску до излезната врата и летово, но сепак остана во редовите на „старата дама“. Сепак, ПСЖ и Тотенхем се упорни да го земат, а веројатно и самиот фудбалер ќе сака да си оди, бидејќи нема добра минутажа (сезонава играше само 14 минути).

Во ПСЖ, Дибала го гледаат како замена за Нејмар, а во лондонските „петли“ треба да го замени Кристијан Ериксен кој би можел да се пресели во јануари. Договорот на Данецот му истекува на крајот на јуни, и затоа Тотенхем ќе се обиде да го продаде во јануари за да заработи пари, во спротивно, Ериксен бесплатно ќе си оди.

„Светците“ не го продадоа Нејмар, но иднината на Бразилецот е неизвесна, па во јануари би го земале Дибала на позајмица.

- Оглас -

Најнови вести