Два промашени пенали, но ќе се памети запросувањето во Мајорка (фото)

Мајорка и Атлетик Билбао го отворија четвртото коло во Ла Лига без голови, а покрај тоа што домаќините пропуштија да ги освојат бодовите по промашувањето на Пратс од белата точка, најголемото возбудување на целата средба беше запросувањето пред почетокот на мечот.

Навивач на Мајорка приреди големо изненадување за својата сакана и на сред терен ја запроси. Девојката го кажа судбоносното „да“, за приказната да добие среќен крај.

Мајорка имаше златна во 82-та минута да го реши мечот, но Пратс го промаши цел гол од пенал. Очекувавме нашиот репрезентативец Александар Трајковски да добие минутажа и да помогне на домаќините, но тренерот Морено не посегна по неговите услуги.

Во судиското надополнување и Билбао доби шанса да дојде до погодок од најстрога казна, а ударот на искусниот Адурис го одбрани голманот Реина. Мајорка успеа да ја затресе мрежата на Баскијците дури во седмата минута од продолжението, но голот беше поништен поради недозволена позиција.

https://twitter.com/RCD_Mallorca/status/1172601541695594501

- Оглас -

Најнови вести