Два рекорди на еден меч за Кари, шампионот брои 11 во низа

Голден стејт вориорс ја продолжи низата со победи на 11 средби откако славеше со 132:100 против Индијана пејсерс. Актуелниот НБА-шампион воедно го завршува своето патување низ лигата со перфектен учинок од пет гостински победи, а средбата во Индијанаполис најмногу ќе ја памети Стеф Кари.

Ѕвездата на „воините“ постави два нови рекорди, Кари е првиот играч во историјата на оваа лига кој успеал да реализира 200+ тројки точно за 40 натпревари, односно е првиот играч кој успеал да реализира 200 или повеќе тројки во седум последователни сезони. Во победата над Индијана, Кари заврши со 26 поени, погоди шест тројки од осум обиди.

Демаркус Казинс беше втор најефикасен кошаркар во составот на Вориорс, реализираше 22 поени, Томпсон и Дурант додадоа по 16 поени.

https://twitter.com/NBA/status/1090114347769176064

Денвер нагетс го совлада Мемфис гризлис со 95:92, иако тимот од Колорадо беше во негатива од 25 поени до средината од третиот период. Никола Јокиќ го инспирираше Денвер за пресвртот, а српскиот центар погоди клучни поени во последните триесетина секунди.

Јокиќ ја заврши средбата со 24 поени, а за него е реткост да не оствари двоен учинок, запиша само три асистенции и пет скока. Искусниот Марк Гасол беше најефикасен играч на Мемфис, но неговите 28 поени и девет скока не беа доволни да се избегне 31-виот пораз сезонава.

https://twitter.com/nuggets/status/1090087550251945985

Резултати НБА:

Индијана пејсерс – Голден стејт вориорс 100:132

Мемфис гризлис – Денвер нагетс 92:95

Шарлот хорнетс – Њујорк никс 101:92

Бостон селтикс – Бруклин нетс 112:104

ЛА клиперс – Атланта хокс 118:123

- Оглас -

Најнови вести