Два шока во Африка: Шампионот е елиминиран, а Комори оди во осминафиналето

Актуелниот првак и освојувач на Африканскиот куп, селекцијата на Алжир е елиминирана уште по групната фаза од континенталното натпреварување. Во последното трето коло, Алжир убедливо со 3:1 загуби од Брегот на Слоновата Коска и на крајот оваа селекција заврши последна во групата Е, каде во осминафиналето покрај Брегот, се пласираше и Екваторијална Гвинеја.

На Алжир не им помогна ниту ѕвездата Ријад Марез, кој промаши пенал против Брегот на Слоновата Коска. Ако Алжир е најнепријатното изненадување, тогаш за најпријатно изненадување на Африканскиот куп е малата островска земја Комори.

Селекцијата на Комори која направи чудо со победата од 3:2 против Гана, како третопласирана оди во нокаут фазата. Од третопласираните екипи во групите, сигурни за осминафиналето се и Зеленортски острови и Малави, како и третпласираната селекција од Ф групата, која вечерва треба да ја затвори групната фаза од Африканскиот куп.

Сигурни во осминафиналето се и домаќинот Камерун, потоа Буркина Фасо, Сенегал, Гвинеја, Мароко, Габон, Нигерија, Египет, Брегот на Слонова Коска и Екваторијална Гвинеја.

- Оглас -

Најнови вести