Два сигурни „кеца“ и ефикасен меч во Белград

6706 Русија – Словенија (15ч)

Со гостинската победа кај Малта, руската репрезентација најави дека ќе се обиде да издоминира во квалификациската група Х, а вечерва во Сочи ќе атакува на максимален учинок по две кола против расположената Словенија.

Иако Зборнаја загуби два од вкупно четири меѓусебни дуели против Словенците, на домашен терен се неприкосновени ако се знае дека во претходните квалификации за ЕП имаа одлична серија од од пет победи со учинок 17-0.

Словенија по историскиот триумф над Хрватска се надева на уште едно изненадување, претходните гостувања од 2009 и 2001 година се мотив дека и вечерва може да ја затресат мрежата на Русите, кои пак се чини дека на крајот од овој меч ќе се радуваат на нова победа.

Предлог тип: 1 & 3+ (3.10)

 

6707 Норвешка – Турција (18ч)

Дуелот на двете квалитетни репрезентации кои целат на пласман на Мундијалот, треба да биде интересен и воедно да припадне на домаќините. Со победи тргнаа и Норвешка и Турција во овие квалификации, па иако целта е да се одржи победнички ритам, тоа ќе биде можно само за едната страна.

Овие селекции од 2007 година се немаат сретнато во квалификациски циклус, а во битките за пласман на ЕП 2008, Турција излезе како победник од двомечот со реми од 2-2 и гостински триумф од 1-2.

Тоа наговестува дека и вечерва ќе се тресат мрежите на двете страни, а Норвежаните предводени од одличните Халанд и Одегард ќе го отворат патот на својата селекција до победата.

Предлог тип: 1 (2.45)

 

6715 Србија – Португалија (20:45ч)

По квалификациите за ЕП 2020, судбината повторно ги спои Србија и Португалија, од кои се очекува да ја предводат групата А и да играат на Мундијалот во Катар.

Вкупно шест меѓусебни дуели во кои без исклучок биле ефикасни со голови на двете страни, гарантира дека и вечерва во Белград двете селекции ќе го покажат напаѓачкиот потенцијал. Европскиот првак славеше во две од вкупно гри гостувања кај нашиот северен сосед, со тоа што на последниот меч кој се одигра на „Рајко Митиќ“, Португалија славеше со 4-2.

Предлог тип: ГГ3+ (2.50)

 

6718 Чешка – Белгија (20:45ч)

Белгијците десеткувани гостуваат во Прага, односно без бундеслигашките фудбалери, а тоа може да биде шанса за Чешка да приреди изненадување против моментално најдобро рангираната селекција на ФИФА листата.

Белгијците не го паметат по добро последното гостување кај Чешка, во 2009 година загубија со 3-1, но паметат и гостински триумф од 2001 година. Јасно е дека потполно различни се тимовите од тогаш, а ќе се види дали Чешка може да стави крај на одличната серија од пет последователни победи на Црвените ѓаволи.

Предлог тип: X било кога (1.89)

 

6705 Шпанија У21 – Италија У21 (21ч)

Актуелниот младински европски првак со евентуален триумф во репризата од полуфиналето од ЕП за млади во 2017 година, може да го потврди пласманот во нокаут фазата. Сепак, дербито на младите репрезентации ветува неизвесна битка.

Фуријата пред четири години беше подобра од Италија во битката за пласман во финалето, а пред две години Аѕурите се реваншираа токму во групите. Судбината пак ги спои на исто место добивајќи нова шанса за докажување која селекција е подобра.

Шпанија речиси две и пол години не знае за пораз, односно токму Италија последен пат ѝ приреди разочарување, додека пред ремито со Чешка, и Италијанците беа во добра форма со осум победи и по еден пораз и реми во 10 меча.

Предлог тип: 1X & ГГ (2.30)

- Оглас -

Најнови вести