Два скопско-струмички дуели во Прва лига

Најтрофејниот македонски клуб Вардар денеска ќе гостува кај Беласица во Струмица, во меч од 22. коло на Прва лига. „Црвено-црните“ се во мисија да ги освојат трите бода, за да ја задржат втората позиција на табелата, која може да им ја загрози вториот струмички тим, Академија Пандев.

Интересно е што во ова коло им и втора скопско-струмичка пресметка. Работнички е домаќин на Академија Пандев, во мечот кој го има префиксот на дерби, бидејќи играат третиот и четвртиот на табелата. Интересно се очекува да биде и во Чаир каде Шкупи го пречекува шампионот Шкендија, а во борба за да се избегне долниот дел од табелата ќе играат ренова против Македонија Ѓорче Петров и Силекс против Победа.

Мечевите од ова коло започнуваат во 14 часот. Сите дуели од македонското првенство, стандардно може да ги играте во Sport Life, а наш предлог за денеска е „двојка“ на Вардар во Струмица.

 

 

- Оглас -

Најнови вести