Два тима од Саудиска Арабија не прашуваат за цена и му нудат богатство на Модриќ

Екипите од Саудиска Арабија уште сега ја започнаа офанзивата по фудбалски ѕвезди кои планираат да ги ангажираат во зимскиот преоден рок, а една од целите им е играчот на Реал Мадрид, Лука Модриќ.

Саудиските екипи иако во летниот преоден рок добија корпа од Модриќ, не се откажуваат од намерата да го донесат Хрватот на Блискиот Исток и за таа цел му нудат вистинско богатство.

Италијанскиот новинар Руди Галети пишува дека два саудиски тима, шампионот Ал-Итихад и Ал-Ахли, се заинтересирани за Модриќ и кои наводно му нудат околу 200 милиони евра за три години. Според новинарот, тие пред да започнат преговори со Реал Мадрид, сакаат да добијат зелено светло од Хрватот.

- Оглас -

Најнови вести