Двајт Хауард е дел од општата тепачка во која беа исклучени 12-мина играчи (Видео)

Некогашниот НБА-шампион и трократен дефанзивец на годината, Двајт Хауард, беше дел од тепачката која се случи на дуел од кошаркарското првенство на Тајван.

Имаше само една минута до крајот на дуелот, кога капитенот на Хиробернс, плејмејкерот Чијанг-Џуан, доби лакт во лицето од бекот на Леопардс, Чен Хсијао-јунга, а потоа се случи хаос.

Прекинот траеше 20-тина минути, а судиите исклучија вкупно 12-мина кошаркари, меѓу кои беше и Хауард, кој беше збунет зошто е исклучен затоа што тој се обидуваше да ги раздели „завојуваните“ играчи и да ја смири тензијата.

На крајот, тимот на Леопардс славеше со 120:108, а Хауард беше еден од најдобрите во победничкиот тим со 28 поени, 14 скока и седум асистенции.

https://twitter.com/i/status/1628226155403681793

- Оглас -

Најнови вести