Двајца играчи на Ливерпул со нефудбалски здравствени проблеми

Џердан Шаќири нема да настапи за репрезентацијата на Швајцарија во овој мартовски циклус од квалификациите за ЕП 2020 поради тоа што имал воспаление во пределот на меѓуножјето.

Швајцарците планираа да го имаат Шаќири на дуелите со Грузија и Данска, но со соопштение потврдија дека има некакво воспаление конкретно во меѓуножјето, а не препоните, што е прилично чест проблем кај фудбалерите.

Крилото на Ливерпул не е единствениот член на „црвените“ што ќе ги прескокне репрезентативните обврски. Ендрју Робертсон ѝ откажа на Шкотска бидејќи имал закажано преглед на заболекар. Левиот бек со ова бизарно оправдување можеби ќе ги налути во националниот тим.

- Оглас -

Најнови вести