Дуелот на Валенсија и Барселона можеби е најважниот натпревар од шесте кои се играат вечерва во Евролигата во кошарка бидејќи станува збор за екипи од иста земја кои се борат за што подобра позиција на табелата и место во плејофот.
Барса има четири порази по ред и ако загубат и од Валенсија, на Каталонците им се заканува опасност да останат и без место во плејин. Валенсија е четврта и има речиси сигурно учество во плејофот во кој директно одат првите 6, додека тие што ќе бидат од седмото до десеттото место ќе разигруваат во плејин за да влезат во четвртфиналето.
Во дресот на Валенсија игра натурализираниот македонски репрезентативец Омари Мур, кој исто како и Ненад Димитријевиќ, кој со Баерн ќе води битка против Дубаи, ги има во понудата на Sport Life на листата на играчи на кои може да се обложите колку поени ќе постигнат.
Победи им требаат и на Монако, Хапоел, Олимпијакос, Дубаи, додека мечот во Париз нема некое преголемо значење.


