Двајца реаловци првпат гостуваат во Барселона после трансферот од Каталонија во престолнината

Вечерашното „Ел Класико“ од кошаркарската Евролига нема да биде само обичен меч на Барселона и Реал Мадрид. Во дресот на Реал ќе се појават Томас Ертел и Адам Ханга кои во минатата сезона играа за Барса, и ова им е прво гостување во „Палау Блауграна“.

Од друга страна, кај домашните ќе игра Николас Лапровитола кој лани играше за Реал, а член на Каталонците е и Никола Миротиќ, кој кароиерата ја почна Реал Мадрид и дресот на овој клуб го носеше од 2008 до 2014 година.

Освен тоа, двата шпански гиганти се на делба на првото место, па победникот ќе ја има честа да биде осамен лидер на табелата во Евролигата. Барса двапати го победи Реал во минатата сезона во Евролигата, но нивниот последен дуел, во Суперкупот на Шпанија, заврши со триумф на Кралскиот клуб.

Барселона е најефикасен тим во Евролигата, Реал е најдобар по бројот на скокови и асистенции. Двата тима се некомплетни. Кај Барса ќе фалат Калатес, Хигинс и Абринес, а во Реал повредени се Алосен, Абалде и Томпкинс. Добра вест за Барселона е што ќе дебитира Данте Ексум, кој дојде од НБА лигата.

- Оглас -

Најнови вести