Двапати во еден ден се смени лидерот во Шпанија, на врвот ќе преноќи Сосиедад

Реал Сосиедад ќе преноќи на врвот на табелата во Ла Лига со 11 бода, исто колку што има и Вилјареа, откако баскискиот клуб славеше со убедливи 3-0 на гостувањето кај Бетис. Сосиедад од март 2017 година нема победено на тло на Бетис, па на тој пост конечно му дојде крајот.

На две минути пред паузата Порту му донесе водство на гостинскиот состав, а во 74-тата минута Ојарзабал зголеми на 2-0 и го стави Соседад во многу поволна позиција. Конечниот резултат го постави Јанузај во 88-мата минута, па така Бетис го претрпе третиот пораз по шест кола од новата сезона во шпанското првенство.

Претходно денес Вилјареал со победата од 2-1 над Валенсија застана на врвот, сега го препушти на Сосиедад, односно ќе го делат до наредното коло.

- Оглас -

Најнови вести