Двајцата борци даваа интервју, едниот реши да дели шлаканици, па заврши на подот (Видео)

ММА борецот Амадеус Роскил направи хаос и тоа додека даваше интервју. Тој даваше интервју и тоа заедно со ривалот Адријан Полински.

Додека Полински зборуваше, Роскил нешто му дофрли, а потоа доби со иста мерка на вербалната реакција. Роскил тогаш направи неочекуван потег и му удри шлаканица на ривалот. Полински тогаш збесна и тргна кон напаѓачот, задавајќи му неколку бокса.

Роскил падна на земја, а Полински на крај и со нога го клоцна противнкот кој прв го предизвика хаосот.

 

- Оглас -

Најнови вести