Двата меча вечерва во шпанската лига завршија со пресврт „два во еден“ (Видео)

Валенсија го победи Валјадолид со 2-1, а Вилјареал славеше против Еспањол со 4-2 во двата вечерашни меча од шпанската Ла Лига. Двата меча се играа во Валенсија, и на двата гостите водеа на полувреме, но домаќините победуваа на крај.

Особено драматично беше на „Месталја“, каде што Валенсија, која се бори за опстанок, за првпат сезонава победи со пресврт, а победничкиот гол падна во 93-тата минута. Тоа беше прекрасен погодок на 19-годишниот Хави Гуера.

- Оглас -

Најнови вести