Две добри и две лоши вести за Зидан пред дуелот со Челзи

Реал Мадрид утре навечер (21 часот) го пречекува Челзи во првото полуфинале од Лигата на шампионите, а Кралевите како фаворити во овој двомеч ќе се обидат уште на стадионот „Алфредо ди Стефано“ да обезбедат поволен резултат со кој ќе направат исчекор кон пласманот во големото финале.

Зинедин Зидан за овој меч доби две добри и две лоши вести. Еден Азар и Тони Крос се фит да играат од првата минута, а белгискиот офанзивец како поранешна ѕвезда на Сините со сигурност ќе треба да ги покаже слабостите на својот ексклуб.

Проблемот е во одбраната, Менди и Рамос ја загубија битката со времето и не се потполно подготвени иако се најавуваше дека капитенот ќе биде во конкуренција за настап. Поради тоа, Марсело ќе ја покрива левата бековска позиција иако е надвор од форма, додека меѓу Начо или Милитао ќе се бира партнерот на Варан во централниот дел од одбраната.

- Оглас -

Најнови вести