Две големи дербија во Англија и Италија во центарот на вниманието на осмото коло на Спортска прогноза

Новото, осмо коло на Спортска прогноза која ја организираат Спорт Манија и Sport Life нуди две големи дербија во топ-лигите, но и натпревари на кои учесник ќе биде македонски репрезентативец.

Колото ќе започне со натпреварот во сабота, во 14 часот, од Ла Лига меѓу Алмерија и Рајо Валјекано, за кого настапува првата „единица“ на македонската репрезентација, Столе Димитриевски.

Во сабота од 18 часот ќе се игра првото големо дерби, Милан на „Џузепе Меаца“ го пречекува Јувентус. Предизвик за прогнозерите ќе биде да се погодат исходите меѓу Аугсбург и Волфсбург, како и меѓу Севилја и Атлетик Билбао.

Прогнозерите в недела ги очекува уште едно големо дерби, овојпат во Премиер лигата, каде што играат Арсенал и Ливерпул, додека во Италија, Удинезе, кој е во одлична серија од шест победи, го пречекува лидерот Аталанта.

Освен овие пет меча, има уште 8 примамливи средби за прогнозирање, а главната мисија е да се погоди Среќна 13-ка, односно да се погодат сите 13 фикса. За перфектен учинок во едно коло, секој прогнозер има шанса да си одбере подарок, и тоа меѓу Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен тротинет и X Box Series X.

Со еден промашен пар се добива вредносен ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари, додека вредносен ваучер од 500 денари следува за оние кои ќе имаат по 11 погодени фикса.

При прогнозирањето треба да се внимава и на двата резервни пара, кои носат поени за подобри позиции во Генералниот пласман.

Во осмото коло и двата резервни натпревари се многу интересни. Првата резерва е најголемото германско дерби меѓу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, додека втора резерва е дуелот од Лига 1 меѓу Лил и Ленс.

Спортската прогноза може да ја играат сите оние коишто имаат извадено Sport Life картичка, а оние коишто ја немаат таа картичка, може БЕСПЛАТНО да аплицираат ТУКА.

 

 

- Оглас -

Најнови вести