Две карти за првиот меч од НБА финалето продадени за 56.876 долари

Канада со нетрпение го очекува стартот на големото НБА финале. За прв пат во историјата, Торонто ќе се бори за големиот трофеј. Актуелниот првак Голден Стејт е ривалот на „рептилите“. Првиот меч се игра во „Ер Канада центар“ на 31 мај во 3 часот наутро по македонско време.

Како со доближува стартот на првиот меч, така се загрева атмосферата. Билетите за седење во прв ред, веднаш до теренот е 1.500 долари. Речиси и да нема билети за првиот меч, па започна препродажба и на „црно“. Неверојатна информација изнесе новинарот Дарен Ровел. Еден навивач платил неверојатни 56.876 долари за две парти во првиот ред, веднаш до теренот.

 

- Оглас -

Најнови вести