Две мегадерби средби носи 27-то коло на Спортска прогноза

Натпреварите од новото, 27-мо коло на Спортска прогноза се тука и веќе може да се типува на нив, а со тоа и борбата за прекрасниот „ајфон 12“ може да започне.

И овојпат има возбудливи натпревари, од кои два од нив се издвојуваат како дерби и ќе бидат клучно за расплетот во остатокот од сезоната.

Првото дерби е во сабота од 18 часот, каде што ќе се сретнат екипите на Хајдук и Динамо Загреб. „Пољуд“ е целосно распродаден, над 50 илјади навивачи ќе бидат присутни на трибините во дуелот на најголемите два хрватски клуба во борбата за титулата.

Само половина час подоцна ќе играат Манчестер јунајтед и Тотенхем во исклучително важен дуел за двата премиерлигаши коишто се борат за четвртото место и пласман во Лигата на шампионите наредната сезона.

Иако од нив се очекуваше многу повеќе сезонава, тие не ги оправдаа очекувањата, а атмосферата во екипите е во сосема различно ниво. Јунајтед беше „демолиран“ од Манчестер сити со 4:1, додека вчеравечер Тотенхем „пукна петарда“ во мрежата на Евертон.

Како што е добро познато, потребо е да се погодат сите 13 натпревари за да се добие на подарок прекрасниот „ајфон 12“. Со еден промашен пар следува ваучер од Sport Life во вредност од 1.000, a со два промашени пара имате ваучер од 500 денари.

Спортска прогноза е бесплатна игра во режија на Sport Life и Спорт Манија и за да учествувате во неа, потребно е да извадите SL картичка за којашто исто така можете бесплатно да аплицирате во некој од уплатните објекти на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести